среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

И тоа го има: Наумовски забрани сушење на алишта во Ѓорче Петров (ФОТО)

И тоа го има: Наумовски забрани сушење на алишта во Ѓорче Петров (ФОТО)

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, во објава на својата фејсбук-страница соопшти дека Советот на општината усвоил измени во Одлуката за комунален ред, со кои се забранува сушењето алишта во дворовите во општината кои имаат поглед кон улица или кон плоштад.

„Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија“, напиша Наумовски во коментар под објавата.

Веста предизвика многу коментари на социјалните мрежи, а дел од граѓаните му забележаа на градоначалникот дека се занимава со неважни работи, додека во општината има многу поголеми проблеми.

Општина Ѓорче Петров ја измени одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување. Целата дополна е објавена на Службениот гласник бр 5.

http://opstinagpetrov.gov.mk/images/pdf1/SG2020/SGBR5-2020.pdf

Posted by Aleksandar Naumoski on Monday, August 24, 2020