Убеден сум дека граѓаните нема да изберат реклами туку ќе изберат план, работа и визија. Како градоначалник на Општина Карпош, покрај проектите што ги има ветено за реализација, тој ќе ги прифати и сите позитивни проекти кои што се од страна на другите против кандидати а што се во интерес на граѓаните, истакна кандидатот за Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во гостување на емисијата ,,Заспиј ако можеш,,
Тој во вечерашното гостување, истакна дел од проектите кои што се приоритет за реализација во општината:
Се обврзуваме за обезбедување на инструктори и купување на возила со кои што ќе се дозволи бесплатна обука за возачки испит на сите граѓани над 18 години на територија на Општина Карпош.
Се обврзуваме за обезбедување на дефектолози и педагози за секое дете со попреченост.
Се обврзуваме за зголемување на паркинг местата, со изградба на нови подземни катни гаражи, и надземни гаражи со платформи, а паркингот ќе биде бесплатен.
Се обврзуваме за изградба на 4 нови градинки на територија на Општина Карпош.
Тој додаде дека на територија на Општина Карпош ќе се обезбеди и еден дневен центар за лицата со попреченост и лицата со посебни потреби.