четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Јавната чешма во Драчево со небезбедна вода за пиење

Јавната чешма во Драчево со небезбедна вода за пиење

Јавната чешма во село Драчево има небезбедна вода за пиење.

-Пристигнаа резултатите од испитувањата на Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата. Сите, освен еден од проверените постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општина Кисела Вода, имат безбедна вода за пиење. На селската чешма во селото Драчево, која е единствена која не ги задоволи критериумите за бактериолошка исправност, е поставена табла со указ за небезбеднот на водата за пиење. Општина Кисела Вода преку Институтот за јавно здравје прави редовни проверки на изворите и јавните чешми два пати во годината, со цел да ги предупреди граѓаните во случај резултатите да покажат неисправност на водата за пиење, информираат од општина Кисела Вода.