сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ЈП „Градски паркинг“: Плаќањето со СМС-порака не работи поради надградба на системот, да се плаќа со греб-картички

ЈП „Градски паркинг“: Плаќањето со СМС-порака не работи поради надградба на системот, да се плаќа со греб-картички

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека поради надградба на системот за зонско паркирање, денеска не е во функција наплаќањето преку СМС-порака.

Тоа значи дека СМС-пораките за наплата на паркинг, од крајните корисници не можат да се процесираат до ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Поради ова, од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги замолуваат корисниците на зонско паркирање да го користат алтернативниот начин за наплата – со купување греб-картички. Посочуваат дека се работи на што побрзо ставање во функција на надградениот систем и оти јавноста ќе биде навремено информирана штом оваа услуга стане повторно достапна за граѓаните.