среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ЈП „Градски паркинг – Скопје“: Активирана е СМС порака со цел потсетување за активна паркинг сесија на зонските паркиралишта

ЈП „Градски паркинг – Скопје“: Активирана е СМС порака со цел потсетување за активна паркинг сесија на зонските паркиралишта

Ги известуваме корисниците на услугите на ЈП „Градски паркинг- Скопје“ дека е ставена во функција СМС порака со цел потсетување за активна паркинг сесија на зонските паркиралишта, стои во соопштението на ЈП „Градски паркинг – Скопје“.

На почетокот на оваа седмица во системот на зонското паркирање на ЈП „Градски паркинг“- Скопје се активираше СМС порака- потсетник за активна паркинг сесија. Корисниците кои испратиле СМС порака за паркирање, по 4 часа и 5 мин. ќе добиваат „порака- потсетник“ со содржина: „Потсетување дека имате активно паркирање. За крај испратете порака до 144 144 со содржина S“.

Како што велат од јавното претпријатие оваа порака е со цел да им се излезе во пресрет на корисниците кои паркираат на зони кои немаат ограничено и автоматско исклучување на паркинг сесијата, поточно зоните Ц и Д.

– Корисниците често, од повеќе причини не успеале да испратат „S“ за крај на користењето на паркинг услугата и со тоа автоматски им се наплаќаше до крај на работното време на паркингот. Апелираме до корисниците навремено да испраќаат СМС пораки за започнување и за стопирање на паркирањето, со што не би се соочиле со непријатности т.е. поставување блокатор на тркало, се додава во нивното соопштение.