четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ЈП „Градски паркинг“ Скопје: Наплатата на паркинг преку смс порака е повторно во функција во целост

ЈП „Градски паркинг“ Скопје: Наплатата на паркинг преку смс порака е повторно во функција во целост

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ја известува јавноста дека успешно заврши процесот со надградба на системот за зонско паркирање, со цел подобра и поефикасна услуга. Проблемот со наплаќање преку смс пораки е решен. Економскиот оператор задолжен за надградба на овој систем, во соработка со мобилните оператори деновиве работеше на надминување на проблемите при наплата на паркинг преку смс.

– До корисниците на нашите паркинг услуги упатуваме извинување, воедно оштетените корисници ги повикуваме да поднесат барање за обештетување. Барањето можат да го поднесат писмено преку е-пошта на [email protected], кадешто ќе ги остават своите податоци – име и презиме, број на регистерска таблица, дата и време на паркирање, телефонски број од кој е извршена наплатата, како и зона кадешто било паркирано возилото. Проблемот со наплатата преку смс порака, кој воглавно се должеше на нефункционалност кај претплатниците на мобилниот оператор „А1 Македонија“, е надминат уште во понеделникот, меѓутоа оставивме тест период од три дена, за со сигурност да ги информираме корисниците на паркинг услугите дека системот е надграден и е во целосна функција, информираат од јавното претпријатие.