ЈП Водовод и канализација – Скопје, врз основа на прогласената кризна состојба во енергетскиот сектор во времетраење од 30 дена, од страна на Владата, донесе интерна одлука за рационализација на потрошувачката на електричната енергија.
-Во согласност со состојбата во која се наоѓаме во однос на енергетската криза, ЈП Водовод и канализација – Скопје, донесе интерна одлука за рационализација, односно намалување на потрошувачката на електричната енергија, на најниско можно ниво, без притоа да се наруши функционирањето и безбедноста на претпријатието. Врз основа на нашите општествено одговорни политики и спроведувањето на истите, се надеваме дека со ова ќе придонесеме кон зголемување на свеста за заштеда и рационална употреба на електричната енергија, пракса и пример кој ќе се следи и во иднина за сите природни ресурси кои се употребуваат за општо добро на граѓаните, вклучително и водата за пиење, изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.