ЈП Водовод и канализација – Скопје, во пресрет на христијанскиот празник, Богојавление (Водици), ги известува корисниците дека на ден 19.01.2023 (четврток), шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието и наплатниот пункт во Сарај, ќе работат со редовно работно време:
– Дирекција од 07:30 до 19 часот,
– Сарај од 08:00 до 14:30 часот.
Со редовни работни активности се продолжува во петок, 20.01.2023.
ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во служба на граѓаните на град Скопје. Согласно вашите потреби контактирајте не на: 02/3073 010, [email protected], https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/.
Информирајте се на www.vodovod-skopje.com.mk и пристапете до сите електронски сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk или мобилната апликација достапна за Android и iOS. Искористете ја можноста за брзо и едноставно плаќање преку апаратите за наплата на следните локации: Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ГТЦ на приземје, Капитол мол и корисничкиот центар на ЈП Комунална хигиена – Скопје, велат од претпријатието.