Саит Саит денеска е разрешен од директорската функција на Јавното претпријатие Улици и патишта и за в.д директор е поставен Ќамил Ковачи, соопшти прес-службата на Град Скопје.
-Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на општина Сарај, а има искуство во раководење со јавни претпријатија како долгогодишен директор на Јавното комунално претпријатие Сарај, се наведува во соопштението.