сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Касами: Со општински пари се плаќале ручеци на партиски активисти на ДУИ

Касами: Со општински пари се плаќале ручеци на партиски активисти на ДУИ

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами вчеравечер во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека со пари на општината се плаќале ручеци за активисти на политичката партија ДУИ.

-На пример, имаме сметка од 80,000 денари за ручек на кои биле партиски активисти на ДУИ. По објавувањето јавно на договорите на дело неколку луѓе ми се јавија, како на пример за овој случај каде ми рекоа дека тие не направиле никаква услуга за општината туку наплатиле за ручек кој изгледал како партиски ручек. Значи, се плаќале тие ручеци преку договор на дело, вели Касами.