понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Казни за 124 возачи во Скопје

Казни за 124 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светли, седум мерки за возач почетник…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.