четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

„Кино на отворено” викендов во Кисела Вода

„Кино на отворено” викендов во Кисела Вода

Општина Кисела Вода викендов ве поканува на “Кино на отворено”! Традицијата започната минатата година продолжува и годинава во паркот “Македонија”, веднаш до домот на култура “Билјана Беличанец”.

Во сабота и недела, 26-ти и 27-ми август, со почеток од 20:30 часот ќе бидат прикажани по две епизоди од серијалот,,Викенд на мртовци”, потоа и фимот “Кајмак” во сабота и ,,Ах, љубов моја” во недела.

Бесплaтните филмски проекции на „Кино на отворено” се обезбедени од страна на Општина Кисела Вода во соработка со Авард Филм и Видео, “Банана филм”, како и со МРТВ и “Вардар Филм”.

Програма:

Сабота 26.08.2023

20:30- 22:00 две епизоди од серијалот ,,Викенд на мртовци”
22:00- 23:30- ,,Кајмак” во режија и сценарио на Милчо Манчевски

Недела 27.08.2023

20:30- 22:00- две епизоди од серијалот,,Викенд на мртовци”
22:00-23:30- ,,Ах љубов моја” во режија на Коле Ангеловски