сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Кисела Вода обезбеди музички плеери и играчки за сите објекти на градинката „8 Март”

Кисела Вода обезбеди музички плеери и играчки за сите објекти на градинката „8 Март”

Музички плеери, играчки и дидактички материјали денес беа доставени до сите објекти на ЈДГ “8 Март”, како финализација на активностите кои Општина Кисела Вода ги спроведува во рамки на Светската недела на детето.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој ги посети децата од оваа градинка го потнцираше значењето на раниот детски развој и истакна дека денешната е само една од бројните инвестиции во градинките на територија на општината.

-Денес, во рамките на Светската недела на детето, сакам да го потенцирам значењето на раниот детски развој, кој е камен-темелник за изградба на здрава и успешна заедница и во тој контекст, да истакнам дека Општина Кисела Вода посветено работи на унапредување на условите за нашите деца. Оттука, седмицата посветена на децата ја одбележуваме со многу настани, како што е денешниот. Имено, денес на градинката ЈДГ “8 Март”, каде се наоѓаме во моментот, и тоа за сите нејзини објекти, обезбедивме музички плеери, како и играчки и дидактички материјали кои ќе го збогатат и учењето и играта на нашите најмлади. Ова е период кога децата се развиваат и ги откриваат и дефинираат своите потенцијали, па е многу значајно градинката во која го поминуваат денот да им овозможи тој процес да се одвива непречено. Дека ова не е единствената инвестиција на Општина Кисела Вода во градинките говори и податокот што за овие две години само за опрема и нивно снабдување вложивме околу 17 милиони денари. Едновремено, изведовме крупни инфраструктурни зафати, како отворање на две нови градинки и проширување на капацитетите на постоечките објекти, со што наследените листи за чекање кои броеја и преку 450 дечиња, ги намаливме на двоцифрена бројка. Во периодот што е пред нас сме фокусирани на изградба на нови градинки, со што, се надевам, Општина Кисела Вода ќе биде првата општина која нема да има деца кои чекаат за упис, а можеби ќе можеме да им излеземе во пресрет и на другите соседни општини кои се борат со овој проблем. И на крај, сакам да информирам дека сите активности што се организираа за оваа детска недела, вклучувајќи ги спортските, музичките и забавните случувања, имаат за цел да позитивно влијаат на социјалниот и психолошки развој на нашите деца. Таков настан е и оној кој денес се случува во Паркот на бранителите во населбата Драчево, но и хуманитарната акција за донирање на храна на деца од социјален ризик, која се одвива во двете градинки-изјави грдоначалникот Орце Ѓорѓиевски.