сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Кисела Вода слави 68-ми роденден: Вечерва сите во Расадник на концерт на “Нокаут”

Кисела Вода слави 68-ми роденден: Вечерва сите во Расадник на концерт на “Нокаут”

Општина Кисела Вода со бројни проекти денес го одбележува својот 68-ми роденден. На свечената седница на Советот беа доделени награди-стауетки во форма на клуч и благодарници за заслужните жители, а обраќање во кое беа наведените најзначајните инфраструктурни проекти во изминатата година, имаше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

– И ако на минатиот роденден информиравме за значајни 14 км изведба на патна инфраструктура, годинава таа бројка надмина 50 км. Прекратко е времето за да ги именувам сите улици каде реконструиравме и саниравме, каде интервениравме со цел што покоро да го реализираме она што го ветивме-во Кисела Вода да нема неасфалтирана улица. Со градежна офанзива годинава беа опфатени Припор, Усје, Драчево, Цветан Димов, Кисела Вода, 11 Октомври Згради, 11 Октомври Бараки, Пинтија… Работевме и работиме и на надземна и на подземна инфраструктура, создавајќи услови за нормално живеење, кои за жал многу од нашите сограѓани ги немале. Во цифри, околу водоводната мрежа,тоа се околу 3600 метри изведба, атмосферска канализација околу 4500 м и фекална над 5000 метри. Говорејќи на оваа тема, големо е моето задоволство што успеавме да обезбедиме средства за еден навистина капитален проект и да објавиме дека конечно, Стаклара за првпат ќе добие водовод и фекална канализација. За големината на овој проект говори вкупна должина од 9.2 километри мрежа, при што фекалната ќе биде во должина од 5.7 километри, додека водоводната мрежа во должина од 3.5 километри. На ова со децении чекаат преку 500 семејства и безмалку сите бизнис ентитети лоцирани во овој дел на општината. Заедно со катчето за рекреација и одмор кое денес почнавме да го градиме во Усје, кај крстот, годината ќе ја затвориме со над 50 000 m2 зелена површина- истакна градоначалникот Ѓорѓиевски во дел од своето обраќање.

Роденденските случувања продолжуваат. Во 17 часот во паркот „Шопен“ почнува хуманитарна Коријада во организација на Здружението на пензионери од Кисела Вода, а потоа прославата ќе продолжи пред салата Расадник, каде од 18 часот ќе се одржи Битка на бендови.

Вечерва од 21 часот, жителите на Кисела Вода најпрво ќе ги забавува DJ Mats, а потоа од 22 часот, голем концерт ќе одржи групата „Нокаут“.