Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите граѓани кои се заинтересирани за учество во одбележување на празникот „Богојавление – Водици“. Од оваа година, се возобновува традицијата за фрлање на чесниот крст, како дел од прославата на Водици.
Настанот ќе се одржи во базенот „Расадник”, во среда, на 19 јануари 2022год. На фрлањето на крстот, закажано за 12 часот, ќе му претходи божествена литургија. За најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст e предвидена парична награда од градоначалникот на Општина Кисела Вода, во износ од 12.000,00 денари, како и бела техника-апарати за домаќинството, обезбедени од донатори-спонзори.
Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до утре, вторник 18.01.2022, до 18 часот, на телефонскиот број 075/309-548 (Далибор). Истите ќе треба да потпишат изјава дека се во добра здравствена состојба.