Во „Утрински Брифинг“ свое гостување имаше советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ која што посочи дека улицата „Александар Урдаревски“ за краток период двапати се копа. Затоа Колариќ ги прашува Шилегов и директорот на ЈП „Улици и патишта“ чии пари трошат за двапати копање на иста улица.
„Нашиот глас е фактички еден збир на гласови на граѓаните кои што постојано допираат до нас. Ние постојано контактираме со граѓаните. И оваа недела дена постојано сме контактирани од страна на жителите на Општина Бутел, конкретно на граѓаните кои што живеат во близина и ја поминуваат секојдневно „Александар Урдаревски“. Вие и ако се вратите во архивите ќе видите дека минатата година улицата 6 месеци се правеше и граѓаните постојано реагираа, а директорот тврдеше дека е потребно доволно време за да тампонот го добие својот облик, и набрзина се асфалтираше таа улица“, појасни Колариќ.
Колариќ додаде дека сега граѓаните велат дека асфалтот не се гребел, не се тргал асфалтот туку се тргал и тампонот. Ова дефинитивно веќе зборува за нешто друго. И за тоа треба да се праша Шилегов и директорот на „Улици и патишта“ зошто е дозволено по вторпат истата улица да се копа за многу краток период . Но пред се е многу важно да одговорат чии се парите и колку пари се издвоија минатата година, колку пари ќе се издвојат и оваа година за правење на истата улица.