сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Колариќ: На граѓаните не им се важни меморандумите кои ги потпишувате, нивната безбедност е загрозена

Колариќ: На граѓаните не им се важни меморандумите кои ги потпишувате, нивната безбедност е загрозена

На денешната седница на советот на Град Скопје, советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ ги посочи проблемите на граѓаните со влошената безбедносна состојба во градот. Имено Колариќ забележа дека иако градоначалникот потпишал низа меморандуми  како и ветувања за подобрување на безбедносната состојба во градот, но и покрај тоа безбедносната состојба е влошена, а на граѓаните воопшто не им се важни меморандумите.

-Ова е мое лично излагање тука пред вас и одговор кој што треба да го добијат мислам дека зад себе имам 10 илјади граѓани и така гледајте ме, а не како Светлана Колариќ член на ВМРО-ДПМНЕ. Искрено да ви кажам вие пред 3 месеци бевте не Факултетот за Безбедност и склучитвте договор за соработка, односно меморандум за соработка со студентите се со цел превенција на ситуации и состојби кои што ќе ја нарушат безбедноста за граѓаните. Тоа беше добар потег, но тоа беше пред 3 месеци. Дали од овој меморандум произлезе нешто? Дали можеби вие ќе имате иден меморандум со други структури кои ги засега ова прашање? Верувајте дека на граѓаните повеќе и тоа не им е битно, вели Колариќ.

Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека скопјани се соочува со низа на убиства на млади луѓе, случаи во кои не е откриен сторителот. Колариќ го посочи и фактот дека е зголемен бројот на кражби и напади со ладно оружје.

-Се соочуваме со убиства, убиства на млади  луѓе за кои што се уште не е откриен сторителот. Се соочуваме со, еднаш неделно напаѓање во парковите, во градските паркови, урбаните паркови од група малолетници со ножеви, повредени деца и ограбени граѓани. Се соочуваме со кражби по станови, верувајте во зградата во која што живеам за три месеци се обиени 5 стана. Мислам дека ви е стигната петиција, ако не е стигната истата ќе стигне. Петиција од група на 40 граѓани од населено место Припор кои што велат дека имаат петиција со 50 потписи, односно 40 куќи на две улици сите до една ограбени.  Во Драчево 10 жени се нападнати од манија, полицијата доаѓа прави увид и наместо да превземе мерки ги теши граѓаните, заклучи таа.