четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Колариќ: Шилегов и СДСМ изгласаа 100% поскап паркинг во услови на пандемија

Колариќ: Шилегов и СДСМ изгласаа 100% поскап паркинг во услови на пандемија

На последната седница на Совет на Град Скопје Петре Шилегов со своите партиски послушници предложија и изгласаа 100% поскап градски паркинг. Со образложение дека мора да се покачи бидејќи се покачени трошоците за струја и вода, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со оваа одлука уште еднаш потврдија дека немаат слух за жителите на градот Скопје. Немаат слух за кризната состојба, економската нестабилност, сиромаштијата,  немаат слух за огромниот број на граѓани кои секојдневно се борат со вирусот и мака мачат како да издржат со паричните средства од месец за месец. Зар во декември и прогласена кризна состојба се носи ваква одлука? Во услови кога послабо се користи автобуски превоз, неможност за возење велосипеди и тротинети, во услови кога се брза да се завршат секојдневни активности по аптеки, лаборатории, амбуланти, поликлиники и клиники, во услови кога зрак чист воздух го земаш на Водно за време на викенд да плаќаш поскап паркинг, вели Колариќ.

Таа вели дека Шилегов удирајќи по џебот на граѓаните, удираш со глава во ѕид.

-Зар ова беше животот кој го ветивте за сите? Зар поскапи сметки за вода, струја, паркинг значат живот! Зар поскапување на месечен паркинг билет од 1.000 денари стара цена на 2.000 денари нова цена живот значат за вас? Зар ова беше договорот со Филипче кога им  ветивте на здравствените работници бесплатен паркинг на Клинички центар? Вие со вашите политики сте еднакви на непознатиот непријател Ковид-19. Вие со вашите небулозни политики ги уништивте граѓаните на Градот Скопје. Еден ден ќе биде доцна да ги исправите грешките. Граѓаните никогаш нема да ви заборават, потенцира Колариќ.