среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: Стефан Богоев помеѓу желбата и реалноста

Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: Стефан Богоев помеѓу желбата и реалноста

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев на веб страната на општината на 28.08.2019год. објави дека целосно е завршена реконструкцијата на улицата „Варшавска”, на потегот од ул. „Париска“ (кружниот тек кај гимназијата „Георги Димитров“) до бул. „8 Септември“, во населбата Тафталиџе 1, објавува Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение ја пренесуваме нивната објава на Фејсбук:

Исто така на веб страната стои дека се обновија и тротоарите долж улицата со цел да се обезбеди побезбедно движење за граѓаните. Во овој дел од Карпош се постави и целосно нова фекална, атмосферска и водоводна мрежа со што е обезбедено нормално живеење за околината и решавање на поголем дел од инфраструктурните проблеми кои се јавуваа во изминатиот период.

Ако се отиде на лице место може да се константира дека фактичката состојба НЕ Е баш таква како што се прикажува.

1: На лице место може да се константира дека на посочената улица НЕМА изведено атмосферска канализација, поставени се сливници кои не се вклучени на атмосферска канализација затоа што атмосферска канализација и нема, не постои, туку се вклучени во упивателни шахти кои се плитки и немаат никаква инфилтрациона моќ. (види слика бр.1)

2: НЕ Е ТОЧНО дека на посочената улица е поставена целосно нова водоводна мрежа.
На потегот од ул. „Париска“ (кружниот тек кај гимназијата „Георги Димитров“) па се до зградата бр.4 и предхотдно имаше нова водоводна мрежа која беше изведена уште во 2016 год.

3: Пред реконструкцијата улицата ,,Варшавска” од левата и десната страна имаше тротоари кои беа квалитетно изведени од бехатонски плочки и преставуваа една хомогена површина заедно со партерното уредување на објектите кои гравитираат кон улицата.
Со реконструкцијата се изведоа асфалтни тротоари кои изгледаат како крпеници и никако не се вклопуваат со партерните површини на објектите. (види слика бр.1 и слика бр.2)

4: Во сопштението од општина Карпош стои дека со реконструкцијата е обезбедено нормално живеење за околината и решавање на поголем дел од инфраструктурните проблеми кои се јавуваа во изминатиот период.
Фактичката состојба на лице место кажува дека услови за живеење во нај урбаниот дел од Општината се далеку од нормални. Двете сервисни улици едната за влез во средното училиште „Здравко Цветковски“ и другата за влез на паркингот од зградата бр.4 која е вселена пред повеќе од две години не се асфалтирани. Повеќе од две години жителите кои живеат во зградата бр.4 на улица ,,Варшавска” која се наоѓа во центарот на Оштина Карпош и лето и зима не можат прозор да отворат од прашината која се дига од земјените улици. Граѓаните се надеваа дека со реконструкцијата ќе се опфатат двете сервисни улици и дека конечно ќе добијат асфалт и ќе се спасат од прашината, но наместо тоа Градоначалникот на Oпштина Карпош Стефан Богоев едната сервисна улица ја посипа со гребен асфалт а другата со дробен камен и така според него обезбедил нормални услови за живеење. (види слика бр.3 и слика бр.4)