Зоолошка градина Скопје информира дека двете слоници конечно пристигнуваат кај нас.
Зоо Скопје за првпат после 26 години станува дом на слонови.
-На 29-ти септември им посакуваме ДОБРЕДОЈДЕ на слониците Дуња и Даела кои ќе ни раскажат една емотивна приказна и ќе ги освојат срцата на сите посетители на Зоолошка градина Скопје, велат од Зоо Скопје.
Азиската слоница Дуња, е најголемата од нејзиниот вид во Европа и заедно со африканската слоница Даела доаѓаат во Македонија од Белгија.
Прва слоница жителка на Скопје Зоо, била слоницата Цица која во Скопје живеела од 1963- 1970 год.
Втората слоница која живеела во скопската Зоолошка е Анка, која починала во длабока старост во 1992 година.