Кошаркарско игралиште во скопската населба Автокоманда остана без осветлување, па младите од ВМРО-ДПМНЕ на креативен начин го осветлија истото.
Од УМС поставија свеќи по целиот терен за да го осветлат и да испратат порака до надлежните дека треба да водат грижа за местата за спорт и рекреација и да ги одржуваат редовно, за младите, па и постарите да можат да ги користат.