четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски: Ако вечерва не реагиравме и не го расчистевме сметот низ скопските улици кој ЈП „Комунална хигиена“ не го собира, можеше да избие зараза

Костовски: Ако вечерва не реагиравме и не го расчистевме сметот низ скопските улици кој ЈП „Комунална хигиена“ не го собира, можеше да избие зараза

Заради алармантната ситуација во скопските општини и заради неефикасното работење на Градот Скопје и „Комунална хигиена“, за жал на голема штета на граѓаните, јас и моте колеги градоначалници кои што доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од градот Скопје, побаравме помош од останатите општини од внатрешноста на Република Македонија, рече градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски во изјава од терен каде што се расчистува сметот од улиците низ општината, кој што ЈП „Комунална хигиена“, веќе неколку дена не го собира.

Костовски посочи дека конкретно во Бутел им помогна градоначалникот и општина Велес, кои им помогнаа со механизација и со луѓе кои заедно со вработени на општина Бутел да воспостават ред во хаосот со сметот, односно расфрлано ѓубре на територија во општина, под надлежност на скопското комунално претпријатие.

„Вечерва и на наше задоволство, тука во општина Бутел е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој што дава максимално поддршка на оваа активнсот, која што верувам дека доколку вечерва не превземевме нешто, тука можеше да избие, слободно можам да речам, и некаква зараза“, рече Костовски.