недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски до Смилевски: Лесно е да одговарате на нарачани новинарски прашања, но никако да одговорите до каде е поликлиниката во Бутел

Костовски до Смилевски: Лесно е да одговарате на нарачани новинарски прашања, но никако да одговорите до каде е поликлиниката во Бутел

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски преку статус на Фејсбук пишува дека градоначалникот на општина Бутел никако да одговори на прашањата до каде е поликлиниката во општината.

-Лесно му е на Велимир Смилевски да одговара на нарачани прашања за кратење на тревата и промена на електричните светилки, но никако да одговори на нарачаните прашања кој сам ги одговараше до каде е ПОЛИКЛИНИКАТА, водоводот за Љубанци и Љуботен, гасификацијата, спортскиот комплекс, плоштадот во Бутел 1, новите градинки?! Се плаши ли Велимир Смилевски да се соочи со својте предизборни ветувања кои во текот на неговиот мандат континуирано ги повторуваше? Се плаши ли Велимир да ги погледне сограѓаните кои безобразно и континуирано ги лаже?
Воедно да збориш за хигиена и за одлично справување со пандемијата а притоа да немаме поликлиника и основни услови за заштита на нашето здравје е пред се крајно безобразно и понижувачки.
Меѓудругото, Велимир денес истакна дека во општина Бутел имало градежна експанзија. Веројатно мисли на зградите и дивоградбите кои му никнуваат како печурки низ територијата на нашата општина.
И во оваа цела немоќ и хаос кој владее во нашата општина многу наскоро Велимир Смилевски ќе се соочи со гневот и разочараноста на бутелчани кои повеќе од 3 години слушаат лажни верувања!
Да потенцирам, Смилевски својот мандат го сведе на кратење трева, фарбање огради на општинските објектите и еден куп партиски вработувања кои не носат апсолутно никаков бенефит за доброто управување на нашата општина. Од ветените проекти нема ништо, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Лесно му е на Велимир Смилевски да одговара на нарачани прашања за кратење на тревата и промена на електричните…

Posted by Дарко Костовски on Tuesday, September 22, 2020