Кандидатот за градоначалник на Општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски вечерва на дебатната емисија на ТВ21 каде дебатираше со неговиот против кандидат од редовите на СДСМ истакна дека актуалниот градоначалник на општината Велимир Смилевски не реализира ниту еден од 15 ветени носечки проекти.
Како еден од носечките проекти кој Смилевски не го реализира, а го ветил е и школото во Визбегово кое на големо беше ветувано на изборната кампања во 2017 година дека ќе биде изградено до 2019 година.
-Во политиката е добро да се говори со факти. Господинот Смилевски во својата програма „За живот во Бутел„ која што историски е најголемата политчка лага за локални избори во независна Македонија а не само во Скопје и Бутел и тоа можам да го докажам. Тој вели изградба на училиште во Визбегово со рок до 2019 година а сега сме 2021 година, де факто станува збор за лага и тука дилема не треба да има. Наместо да мватате со хартии, вие досега требаше да имате изградено школо во Визбегово, му порача Костовски на Смилевски.
Тој меѓудругото упати и апел до граѓаните да внимаваат што прават бидејќи се што вети Смилевски, ништо не се реализираше во изминативе 4 години.
-Вие четири години сте потрошиле само да планирате. И во таа смисла јас би упатил еден апел до Бутелчани: Внимавајте луѓе што правите бидејќи се што се вети не се реализираше, а така ќе биде уште четири години ако не дај боже уште еднаш Смилевски стане градоначалник на Бутел и тука да немате дилема. Бидејќи сме на темата кај училиштето во Визбегово, инаку од 15 носечки проекти кои Смилевски ги вети ниту еден не е реализиран, рече Костовски.
Костовски посочи дека уште еден голем проект кој Смилевски го вети а не го исполни е и Водоводот во с. Љуботен.
-Водоводот во Љуботен беше ветен со рок до 2021 година и тоа не го вети сам господинот Смилевски туку заедно со премиерот Зоран Заев, дури и двајцата отидоа во селото Љуботен, потсети Костовски.
Во текот на дебата Костовски наброја уште неколку носечки проекти кои беа ветени од страна на Смилевски во предизборната кампања во 2017та година, а кој сега не се ниту почанти со реализација а не пак реализирани.