Ви гарантираме дека за време на мојот четири годишен мандат, општина Бутел ќе добие две нови детски градинки. Едната ќе биде изградена во населеното место Бутел еден, веднаш до ОУ „Св. Климент Охридски”, додека пак другата ќе биде изградена во населеното место Расадник. Со изградба на овие две детски градинки веруваме дека целосно ќе се надминат проблемите на родителите при упис на нивните деца во истите, изјави денеска за медиумите, Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Бутел.
Тој гарантира дека за време на неговиот четири годишен мандат населеното место Визбегово ќе добие ново, модерно основно училиште и со тоа ќе биде надминат деценискиот проблем на жителите на ова населено место.
– Борбата за нашите деца е најважната борба во животот и токму заради тоа гарантираме дека наведените проекти ќе бидат реализирани. Заокружете го бројот 7 за сите заедно да ја трасираме иднината на нашите деца. На крајот, би сакал да ви го честитам денешниот национален празник, 11-ти Октомври, додаде Костовски.