петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски ги демантира порталите кои објавиле дека имало тепачка во општината Бутел, инцидентот се случил во подрачната единица која спаѓа под Министерството за финансии

Костовски ги демантира порталите кои објавиле дека имало тепачка во општината Бутел, инцидентот се случил во подрачната единица која спаѓа под Министерството за финансии

Почнаа конструкциите и лагите ! Почитувани граѓани на Општина Бутел, Вечерва одредени портали веројатно по нечија насока пишуваат дека во текот на вчерашниот ден во просториите на Општина Бутел имало некаков инцидент со физичка пресметка, стои во Фејсбук статусот на Дарко Костовски, градоначалникот на општина Бутел.

Тој информираше дека е точно дека имало инцидент и дека постапила и полицијата, но инцидентот се случил во подрачната едицина на Управата за имотно правни односи која спаѓа под Министерството за финансии.

– Оваа подрачна единица на Министерството за финасии користи простории под закуп во зградата на Општина Бутел и истите имаат и посебен влез. Како градоначалник на Општина Бутел барам оние портали кои ја објавиле оваа лажна вест, веднаш да ја истакнат вистината која говори дека немало никаков инцидент поврзан со администрацијата на Општина Бутел.Лаги, конструкции и измами нема да не спречат по патот кој го одбравме и уште на самиот старт силно тргнавме, дека чесно, искрено и со многу труд од Општина Бутел ќе направиме многу поубаво место за живеење, додава Костовски во својата објава.