Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски преку статус на Фејсбук пишува дека во населбата Радишани ќе се реконструира улица по повеќе од 40 години.
„🛣 ПО 4️⃣0️⃣ ГОДИНИ ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦА СКОЕВСКА ВО НАСЕЛБА РАДИШАНИ❗️
Денес заедно со градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска, направивме увид на улица Скоевска која за брзо ќе биде целосно реконструирана.
🚧 Ќе се реконструира улица Скоевска во должина од 1️⃣8️⃣0️⃣0️⃣ метри вклучувајќи ги и четирите краци.
Предвидено е целосно вадење на асфалтот со нов тампон и двослоен асфалт.
Ова е едно големо барање на граѓаните од населба Радишани кое го реализираме уште во првата година.
💰 Проценетата вредност на овој проект е околу 24 милиони денари средства издвоени од буџетот на Град Скопје а Општина Бутел ја изготви целата техничка документација.
На прво место е интересот на граѓаните !“, стои во неговиот пост на Фејсбук.