ИНВЕСТИРАВМЕ 1.200.000 ДЕНАРИ ВО НОВИ ИНФОРМАТИЧКИ КАБИНЕТИ, објави градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.
-ООУ “Св. Климент Охридски” и ООУ “Петар Здравковски Пенко” добија нови современи компјутери со кои се опремија старите дотраени кабинети по информатика. Со новите компјутери ја модернизираме и унапредуваме наставата, а воедно ќе ја олеснат и наставата на учениците. Со оваа инвестиција бројот на нови компјутери за една година надмина над 60. Инвестирањето во нашите општински основни училишта ќе продолжи со зголемен интензитет и ќе продолжиме со подобрување и унапредување на наставата на учениците, посочи тој.