недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски: Исчистени се сите критични места во општина Бутел, главните и споредни улици

Костовски: Исчистени се сите критични места во општина Бутел, главните и споредни улици

Екипите за зимско оддржување заедно со општинскиот кризен штаб од рано утрово се на терен. Навремено се исчистени сите критични места во општина Бутел како и главните улици, сите споредни улици во сите населни места со цел непречено одвивање на сообраќајот, истакна градоначалникот Дарко Костовски.

-Тимови од општина Бутел работат на расчистување на сите пристапни патеки до градинките, банките, аптеките и тротоарите. Општина Бутел ќе ја следи целата ситуација и ќе продолжи со навремено реагирање, посочи тој.