ЉУБАНЦИ ЌЕ ДОБИЕ УЛТРА МОДЕРНО ИГРАЛИШТЕ ЗА МАЛ ФУДБАЛ СО ВЕШТАЧКА ТРЕВА!
ДЕНЕС ЗАПОЧНА ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФУДБАЛСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ЉУБАНЦИ.
Ќе биде поставена исклучително квалитетна вештачка трева.
Целосно ќе се реконструира постоечката ограда.
Ќе биде поставено ново лед осветлување.
Целосно ќе биде реконструирана постојната трибина, дополнително ќе биде изградена нова трибина.
Љубанци ќе добие ново квалитетно место за рекреирање, исто така оваа година ќе биде организиран еден од најдобрите турнири во мал фудбал во државата.
Го менуваме ликот на Општина Бутел!, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.