Општинскиот кризен штаб работи на терен на расчистување на последиците од невремето и обилните врнежи кои ја зафатија општина Бутел.
Општинските работници работат на најкритичните места и расчистување на паднатите дрва и наносите.
На терен работат и јавните претпријатија на Град Скопје.
Апелираме граѓаните на Општина Бутел да останат смирени и сите штети ќе бидат санирани.
Отворен е телефонски број 075 – 274-421 на кој граѓаните на Општина Бутел можат да пријават последици од невремето.
Ќе се продолжи со работа и во ноќните часови се до нормализирање на состојбата.