вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски: Нема да дозволам воспитниот процес да биде попречен за децата од градинките во општина Бутел!

Костовски: Нема да дозволам воспитниот процес да биде попречен за децата од градинките во општина Бутел!

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ВОСПИТНИОТ ПРОЦЕС ДА БИДЕ ПОПРЕЧЕН ЗА ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКИТЕ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ!

Станува збор за голем скандал кој почнува да наликува на нехуманост од страна на ми истерството за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Имено МТСП за период од две години на Општина Бутел буквално закочи 26 согласности (вработувања) по основ на пензионирање и откази. 16 согласности за воспитувачки и негователки и 10 согласности за помошно технички персонал.

Со ова МТСП удира директно врз нашите деца, не сакам ни да помислам дека станува збор за политизирање. Секој ден групите на дечиња во градинките се зголемуваат при што сме приморани да редуцирами а со тоа да го намалиме квалитетот на воспитно образовниот процес.

Како градоначалник на Општина Бутел барам веднаш брза реакција од страна на надлежните, следен чекор ќе бидат протести заедно со родителите пред МТСП.