среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски: Никој не е над законот, отстранета е ограда која била поставена на државно земјиште за плац за продавање на автомобили

Костовски: Никој не е над законот, отстранета е ограда која била поставена на државно земјиште за плац за продавање на автомобили

НИКОЈ НЕ Е НАД ЗАКОНОТ ! Денес имаме акција која ќе заврши со кривична пријава и ослободување на узурпирано државно земјиште на територија на општина Бутел!, информира градоначалникот Дарко Костовски.

-Утрово заедно со инспекциските служби на општина Бутел во координација со МВР постапивме согласно закон при узурпација на државно земјиште.

Отстранета е ограда поставена на државно земјиште, веројатно некој се обидел да создаде плац за продавање на автомобили.

Сакам да упатам апел до сите граѓани на општината, законот е создаден да го почитуваме сите. Поради вашата доверба кон мене, јас сум должен безкомпромисно да се борам за еднакви услови за сите граѓани, поточно да се борам законот да биде спроведен во детали. Продолжуваме …, пишува Костовски на Фејсбук.