Бутел е ова или Чернобил? Моментално во Визбегово, Општина Бутел, објави Дарко Костовски на својот Фејсбук профил.
„Иако пред некој ден Велимир Смилевски вети дека ќе ги исчисти сите поголеми депонии во општината, вечерва во Визбегово не се седи внатре во домовите на локалните жители, додека пак надвор во дворовите е страшно, миризба со силина што ретко може да се осети. Со цела сила гори огромна депонија, жителите не знаат кој го запалил огнот, Визбегово ЗАГУШЕНО ДО МАКСИМУМ“, напиша тој.