среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски: Општина Бутел доделува спортски стипендии

Костовски: Општина Бутел доделува спортски стипендии

ДОДЕЛУВАМЕ СПОРТСКИ СТИПЕНДИИ ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ СПОРТИСТИ НА ОПШТИНА БУТЕЛ. За прв пат Општина Бутел доделува ваков вид на стипендии‼️, информира градоначалникот Дарко Костовски.

-Општина Бутел е најспортската општина во Република Македонија. Тоа е неколку пати докажано со врвни спортски достигнувања.
Денес се распишува јавен повик кој ќе трае 8️⃣ дена за доделување на спортски стипендии на спортисти на Општина Бутел.
Општина Бутел ќе додели четири категории на стипендии и тоа:
1️⃣. Стипендија од прва категорија во висина од 12.000 денари месечно во траење од една година
2️⃣. Стипендија од втора категорија во висина од 8.000 денари месечно во траење од една година
3️⃣. Стипендија од трета категорија во висина од 5.000 денари месечно во траење од една година
4️⃣. Стипендија од четврта категорија во висина од 24.000 денари која ќе се исплати еднократно
Апликациите со потребните документи, заинтересираните кандидати треба да ги достават во архивата на Општина Бутел со назнака “Повик за доделување на спортски стипендии”.
Критериумите и условите за стекнување со стипендијата се детално и прецизно објаснети во правилникот и јавниот повик.
( https://bit.ly/3SfZkF9 )
За транспарентноста на овој повик ќе се погрижи комисија составена од општинската администрација, согласно правилникот за доделување на стипендии врвен критериум ќе бидат постигнатите спортски резултати.
Ова е уште еден чекор кон поддршка на спортистите и нашите надежи.
Спортски поздрав!, пишува Костовски.