Градоначалникот на Општина Гази Баба, Дарко Костовски потсетува дека главен фокус во неговиот мандат од самиот почеток се младите и подобрување на условите за живот на младите луѓе. Вели, тоа го докажале со низа проекти кои беа токму намените за младите генерации на општина Бутел.
-Денес на покана на Општина Бутел голем број млади присуствуваа на оваа почетна конференција.
Општина Бутел во соработка со Центарот за Европски Стратегии Евротинк – Скопје денеска одржа почетната конференција во рамки на проектот „Општина Бутел отворена за младите“.
Проектот е финансиран од Европската Унија во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ при што ќе овозможи поттикнување на младинско учество во спроведувањето на локални младински политики и носењето одлуки за младински прашања во нашата општина, вели Костовски.
Истакнува дека општината ќе изготви нова Стратегија за млади, донесена на партиципативен, транспарентен, отворен начин, изготвена Младинска програма на Локалниот совет за млади за 2023 год.
-Оваа стратегија ќе биде заснова на потребите на младите, со нивните главни приоритети во наредниот период. Наскоро ќе се формира и Локален Младински Совет на еден транспарентен и отворен начин. Со ова дополнително ќе се приближи општинската администрација, ЛМС и Советот на општината до младите, вели градоначалникот.