четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски: Последниот криминал на Смилевски знаејќи дека ќе загуби носи одлука на совет вредна над 20 милиони

Костовски: Последниот криминал на Смилевски знаејќи дека ќе загуби носи одлука на совет вредна над 20 милиони

Велимир Смилевски си ги пакува своите куфери. Велимир Смилевски е сигурен во пораз и затоа денеска на само еден ден пред изборниот молк, тој носи одлука на Совет за јавно приватно партнерство за уличното осветлување. Внимавајте, 22 милиони денари пари на граѓаните од општина Бутел, тој сака да ги даде на приватна фирма сигурно блиску до него заради тоа што знае дека тој ќе биде градоначалник до 17ти до недела, изјави денеска Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Бутел.

Тој истакна дека ова е голем скандал кој што треба да биде казнет масовно од сите граѓани на општина Бутел.

– Криминалците кои што се позади мене мора да си заминат во темната страна на историјата. И ви велам на сите, дека за ова дело, за ова понижување и крадење на граѓаните на општина Бутел ќе има одговорност за сите, и за тие кои што ја донесоа одлуката во Советот, за Велимир Смилевски кој што само за еден ден ќе стане историја. Со ова тој уште еднаш потврдува дека е сигурен во поразот и затоа на само два дена пред изборите и еден ден пред изборниот молк носи ваква срамна одлука каде што гарантираме дека од блиска приватна фирма дека ќе дава 22 милиони денари годишно пари на граѓаните. Да сте живи и здрави, одиме во голема победа и ќе има одговорност, додаде Костовски.