четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски: Службите на општината продолжуваат да ги санираат штетите од вчерашното невреме

Костовски: Службите на општината продолжуваат да ги санираат штетите од вчерашното невреме

Службите на Општина Бутел продолжуваат со работа! Објави на својот Фејсбук профил градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

-Продолжуваме на терен заедно со граѓаните до целосно расчистување на штетите и последиците од невремето кое ја зафати нашата општина вчера. Општинските работници се цело време на терен со сите расположливи ресурси вклучувајќи ја и механизацијата. Ќе бидат отстранети сите дрва, гранки и останати предмети кои го попречуваат движењето на нашите граѓани. Останува отворена телефонската линија 075274421 на која граѓаните можат да пријават проблеми од невремето. Општинскиот кризен штаб ја следи целата ситуација, а во интезивна комуникација сме со Град Скопје и јавните претпријатија и службите, истакна Костовски.