Во интерес на граѓаните на Општина Бутел сакам јавно да го потсетам Велимир Смилевски додека ги бараше гласовите од граѓаните на Бутел кој му беше првиот приоритет !? Де не испадне повторно “Пред вистината и Боговите молчат” овој пат аргументот ни е видео снимка во која јасно се гледа што беше ветено за нова Поликлиника во Бутел и секако ништо од тоа не е ниту започнато, како прв приоритет претпоставувам требаше и прв да се почне и заврши. Лага до лага, списокот е многу долг, пишува Дарко Костовски на Фејсбук.