сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски: Смилевски ветуваше решение за коритото и кејот на Серава, а единствено што направи е фарбање на огради

Костовски: Смилевски ветуваше решение за коритото и кејот на Серава, а единствено што направи е фарбање на огради

Смилевски и СДС со посебна енергија предизборно најавуваа решение за коритото и кејот на реката Серава, најавуваа модерни патеки за прошетка на кејот и целосно урбанизирање на целиот потег каде што се простира реката особено делот под Општината Бутел, НО како и за сите останати ветени проекти така и за овој нема ниту размисла, а камоли реализација на истиот, обвинува Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поминаа речиси три години од мандатот на Смилевски, од реализација на “капитални” проекти има само еден куп партиски вработувања и фарбање на училишни огради, вели тој.

Во прилог на неговиот пост се постирани фотографии од ветувањето на Смилевски и моменталната состојба на реката Серава.