петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски со 50% од својата месечна плата ќе му помогне на загрозено семејство во Радишани – ги повикува истото да го направат и советниците

Костовски со 50% од својата месечна плата ќе му помогне на загрозено семејство во Радишани – ги повикува истото да го направат и советниците

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски преку статус на Фејсбук пишува дека ќе донира 50% од својата месечна плата за загрозено семејство од населбата Радишани.

-Влатко Давитковиќ од Радишани заедно со своите братчиња и сестрички живее во многу лоши услови, недостојни за човек. Во куќа пред распаѓање и гладни стомачиња. Влатко, Иван, Марина и Мирослав се родени како деца со посебни потреби.

😇Мој став и стил е без јавност да се помага, но овој пат имам и поинаква цел.

✅Јас лично ќе се вклучам да помогнам на ова семејство од нашата Општина, ќе им подарам 50% од мојата месечна плата, дополнително со мој налог Општина Бутел ќе додели еднократна парична помош. Ќе ги замолам советниците од Општина Бутел исто така да донираат дел од својот месечен паушал.

🙏Ќе се потрудам да најдам општествено одговорни фирми кои егзистираат на нашата територија и ќе ги замолам истите да се вклучат во оваа активност, целта е семејството Давитковиќ да добие пристојни услови за живот, нова кујна, апарати за домаќинство и слично.

❗️Ги повикувам сите општествено одговорни фирми и поимотни луѓе од Општина Бутел да ме исконтактираат лично за оваа тема, стои во неговиот пост на Фејсбук.