среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски: Според истражувањата на УНДП општина Бутел е одвоена како позитивен пример за финансиско работење по мерка за граѓаните

Костовски: Според истражувањата на УНДП општина Бутел е одвоена како позитивен пример за финансиско работење по мерка за граѓаните

Градоначалникот на општината Бутел преку статус на Фејсбук пишува дека според истражувањата на УНДП општина Бутел е одвоена како позитивен пример за финансиско работење по мерка за граѓаните

„По темелно истражување и анализа од страна на UNDP – united nations development programme, со наслов: Финансиско управување на локално ниво насочено кон граѓаните, во кое беа опфатени сите општини во Република Македонија, општина Бутел беше одвоена како позитивен пример за финансиско работење по мерка за граѓаните.

Во оваа прилика би сакал да истакнам голема благодарност до мојот тим и вработените во секторот финансии при општина Бутел

Транспарентно, отчетно и одговорно работење се принципите во кои верувавме.

Граѓаните пред се“, стои во неговиот пост на Фејсбук.