вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски: Уредувањето на речното корито на реката Серава наскоро реалност

Костовски: Уредувањето на речното корито на реката Серава наскоро реалност

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски на Фејсбук го објавиновиот изглед на речното корито на река Серава.

-Едно од најголемите барања на граѓаните на Општина Бутел ќе стане реалност! Во изманата година и половина работевме на изработка на освновниот проект и финалниот изглед на речното корито. Во првата фаза ќе се уреди речното корито на река серава во должина од 1500 метри во населеното место Радишани. Паралалелно ќе се пристапи и кон изградбна на нова пешачка патека. Во изминатиот период тука изградивме и модерен спортско рекреативен центар Македонија со кој им се овозможи нов порстор за спорт и рекреација на граѓаните од ова населено место. Заедно го менуваме ликот на општина Бутел, заедно ќе спортваме и ќе рекреираме на овој кеј, вели Костовски.