Од десетте проекти на Велимир Смилевски што може да издаиме косеше трева, фарбаше огради по училиште некое, по некоја сијалица смени иако повеќето улици се темни. Но ниту еден клучен проект не е реализиран. Е сега наместо поликлиника во Бутел,тој постави еден вид контејнери. Тоа наиде на таков револт кај жителите што мораше да го викне Венко Филипче и да каже не ја гради градоначалникот, туку дека ја прави Филипче. Поголем револт од ова немало во Бутел, рече кандидатот за грдаоначалник за Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски на гостувањето на радио Лидер.
Костовски напомена дека Смилевски има само еден проект, а тоа е купувањето на неговата куќа во населба Радишани.
-Единствениот капитален проект на Смилевски е градењето на базен во куќата што си ја купи во Радишани“ рече Костовски.
Според него се што се прави во општината треба да биде прифатливо за сите граѓани.
-Политиките треба да бидат поддржани од повеќе етнички заедници, тука живеат припадници на различни заедници. Смилевски ги доби гласовите претходно на локалните избори во 2017 година, но тој не направи ништо што вети водовод во Љуботен, во Визбегово и затоа кај Албанците има негативно расположение. Тоа е голем проблем за него и мислам жестоко ќе го казнат. Сепак има некои кои ќе му ги дадат гласовите. Оние со кои работел со кои има заеднички интереси, вели Костовски.
Кандидатот за градоначалник Костовски се осврна и на безбедноста во општината.
-Во Бутел во последните четири години се наруши безбедноста во Бутел, имаше пукање и слично. Тоа е така затоа што Смилевски се опкружи со негативци, криминалци, вели Косотовски.