Во најбрз можен рок од десетина дена, беше започнато и завршено ново детско игралиште наменето за потребите на децата од градинката „11 Октомври” од клонот „Страшо Пинџур” во Бутел 1. Се грижиме за најмладите. Ветеното го реализираме, пишува градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски на Фејсбук.