Кандидатката за градоначалник на општина Центар, Наташа Котлар, вечерва на дебата во емисијата „Само вистина” која се емитува на телевизија Канал 5, запрашана за шареноликоста во Советот, односно добивањето на неколку советнички места од независните кандидати, рече дека тоа ѝ се допаѓа што токму лица незадоволни од актуелните политики на власта се дел од советот и дека токму тие непристрасно ќе бидат коректор на политиките на градоначалникот.
– Тие луѓе имаат определено искуство, знаат како се одвивале работите, имаа соодветни програми и многу се блиски до нашите предлози и решенија на сето тоа. Мене ми се допаѓа што тие ќе бидат таму, на некој начин ние сите сме луѓе што сакаме да укажеме на неправилностите на политиките дали на централно или на локално ниво, рече Котлар.
Таа потенцира дека човек кој секогаш се повикува на дијалектичко размислување и ако се настапува спротивни мислења и се настапува кон конкретни проблеми, подобро и поефикасно ќе се дојде до решение.
– Напротив, различните мислења не ме плашат и мислам дека во една таква атмосфера на спротивставени мислења и на програми е подобро, така и контролата ќе ја имаме контролата во функција на општинското живеење. Така што, повеќе не ќе имаме некои автократски однесувања на некои градоначалници и мислам дека се отвори патот до непосредно учество на граѓаните, со што поставуваме една нова основа за однесување и раководење во општината, рече Котлар.