среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Котлар на 80 годишнината од одбележувањето на почетокот на антифашистичката борба, во Центар има многу места кои што се спомен за ослободителната борба

Котлар на 80 годишнината од одбележувањето на почетокот на антифашистичката борба, во Центар има многу места кои што се спомен за ослободителната борба

Денес одбележуваме 80 години од почетокот на Народното востание во 1941 година. Во Центар имаме првично споменици кои што можат да го одбележат овој датум и на место и на време, рече на прес-конференција независниот кандидат за градоначалник на општина Центар, Наташа Котлар.

-Во моментот се наоѓаме пред споменикот на Благоја Деспотовски – Шовељ, првоборец, загинат во октомври 1941 година. Токму во обид да изврши атентат на познатиот фашистички агент. Се самоубива за да не падне во рацете, меѓутоа тој е првоборец кој па го означува оној тренд на млади луѓе бидејќи загинува 22 годишна возраст, кои што потоа ќе влезат во организираното партизанско движење и кои што ќе ја изведат ослободителната борба до крај. Такви нешта во Центар имаме многу, тука е споменикот на Раде Јовчевски – Корчагин но исто така наспроти главниот влез на Клиничкиот центар имаме одблежано една зграда во која што делувал и Боро Петрушевски, истакна Котлар.

Во центар има многу места кои што ја означуваа и укажуваат на почетокот на организираната ослободителна партизанска борба, додаде таа.