За миленичињата на нашите центарци предвидуваме нови мини паркови каде ќе можат да ги прошетаат. Дополнително ќе субвенционираме кастрација, стерилизација и микрочип во вредност од 50% од вкупните трошоци, стои во Фејсбук статусот на кандидатот за градоначалник за општина Центар на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар.
Таа напиша дека ќе воспостави соработка со ветеринари на принцип на ваучер, ќе ја зголеми соработката со Здруженијата кои се занимаваат со заштита на животните и дека ќе организира денови на вдомување на животните.
– За Центар со душа, додава Котлар во својата Фејсбук објава.