Стоп на бетонизацијата на Центар, вели Наташа Котлар, кандидатот за градоначалник на општина Центар поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ви ветувам дека никогаш нема да се водам од нечиј бизнис интерес, туку исклучиво од јавниот интерес на жителите на Центар. Во Центар ќе се издаваат градежни дозволи за згради само за новопроектираните населби во Маџир Маало и Крњево. За Центар со душа, пишува Котлар на Фејсбук.