сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Котлар: Велосипедски паркинг во секое училиште и установа, систем за изнајмување на велосипеди

Котлар: Велосипедски паркинг во секое училиште и установа, систем за изнајмување на велосипеди

Само кај нас луѓето одат по коловози, а на тротоарите се возилата и затоа ќе ги ослободиме тротоарите од возила, етапно и паралелно со решавање на паркирањето, вели кандидатот за градоначалник во Општина Центар, Наташа Котлар.

-Ќе ја прошириме пешачката зона околу плоштадот ,,Македонија”, ќе направиме сврзна, проширена и безбедна велосипедска мрежа, велосипедски паркинг во секое училиште и установа, систем за изнајмување на велосипеди, ден без автомобили – во чекор со најдобрите светски практики, посочува Котлар.